Кралот Селман ги изненади сите присутни откако палестинските граници пред израелската окупација ги „смести“ во 1937 година, а не во 1967 година
Саудискиот крал Селман бин Абделазиз го привлече вниманието на јавноста со погрешните наводи за време на обраќањето на синоќешното отворање на самитот на лидерите на Европската Унија и Арапската лига.
Кралот Селман ги изненади сите присутни откако палестинските граници пред израелската окупација ги „смести“ во 1937 година, а не во 1967 година.
„Го повторуваме својот непроменет став за неопходноста од враќање на легитимните права на палестинскиот народ, вклучувајќи го и основањето на палестинската држава во границите од 1937 година и со Источен Ерусалим како главен град“, изјави кралот Селман.
Кралот Селман читаше подготвен говор, па изненадувањето поради мешањето на годините беше уште поголемо.
Властите на Саудиска Арабија, како и Израел, досега не го коментираа тој „гаф“ на кралот Селман.
Паралелно со тоа, самитот на лидерите на ЕУ и Арапската лига го карактеризира исклучително слабиот одзив на лидерите на земјите од арапскиот свет.
Од 21 активна членка на Арапската Унија, на самитот пристигнаа највисоките официјални претставници, четири земји испратија министри, а две службеници од понизок ранг.
Катар на самитот претставува амбасадор во Арапската лига, а најмногу реакции предизвикаа Обединетите Арапски Емирати кои на така голем собир го испратија гувернерот на регионот Фуџаира.
Anadolu Agency









