Сирискиот претседател Башар ал Асад се состана во Техеран со иранскиот претседател Хасан Рохани и иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Во изјавата на Канцеларијата на иранскиот верски лидер, Хамнеи ја потврдил својата поддршка за Ал Асад, додавајќи дека иранската поддршка за таа земја ќе продолжи и во иднина.
Тој истакнал дека Иран и Сирија се стратешки партнери.











