Кривични за четири лица од Струга поради сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“

0
323

Струга, 25. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против четири лица поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“.

– Кривични пријави заработија 25-годишните К.Ѓ. и Н.С., една година помладиот А.М. и 27-годишниот В.О., сите од Струга. На 30-ти декември минатата година, во сендвичара на улицата „15-ти Корпус“ во Струга физички ги нападнале лицата А.П., Б.З., Д.С. и Ф.З., сите од струшкото село Ливада, информираат од МВР.