Албајрак: „Турција оваа година ќе отвори 2,5 милиони нови работни места“

0
187

„Денес се собравме за да ги собереме плодовите на изградените добри врски и синергии на јавниот и приватниот сектор во земјата. Како што и нашиот претседател неодамна најави, оваа година ќе отвориме 2,5 милиони нови работни места“, изјави Албајрак

Министерот за трезор и финансии на Република Турција, Берат Албајрак, најави дека оваа година во Турција ќе бидат отворени 2,5 милиони нови работни места.

Турското Министерство за труд, социјални услуги и семејство и Унијата на турски берзи и стопански комори (TOBB) организираа собир под називот „Мобилизирање на работната сила 2019“.

Собирот се одржува во конференциската сала на Унијата на турски берзи и стопански комори (TOBB) во Анкара, а на учесниците им се обрати и турскиот министер за трезор и финансии, Албајрак.

Тој изјави дека турската Влада презема низа мерки на различни платформи за да ги поддржи индустријалците, занаетчиите, малите и средните претпријатија полесно да се соочат со предизвиците што ги носат актуелните економски процеси во Турција и регионот.

„Денес се собравме за да ги собереме плодовите на изградените добри врски и синергии на јавниот и приватниот сектор во земјата. Како што и нашиот претседател неодамна најави, оваа година ќе отвориме 2,5 милиони нови работни места“, изјави Албајрак.

Истакнувајќи дека пазарот на труд поминува низ своевидна револуција, Албајрак рече дека Турција со единство и солидарност се спротиставила на сите игри кои одредени странски фактори сакаат да ѝ ги наметнат на земјата.

Нагласувајќи дека Партијата за правда и развој (AK Parti) од доаѓањето на власт во Турција приоритетно работи на отворање нови работни места, Албајрак изјави дека тоа е случај и со усвоената Нова економска програма.

„Во изминатите десет години во Турција се отворени 10 милиони нови работни места“, изјави Албајрак и додаде дека Владата и понатаму ќе ги поддржува програмите за вработување во таа земја.

Anadolu Agency