Советот на Град Скопје денеска ќе оддржи 27 седница на која ќе се дискутира за одлука за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите, во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.
Финансиските средства ќе се доделат од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Оваа одлука на град Скопје ќе предвиди на фамилиите на семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово да исплати парична помош од 100.000 денари во нето износ.
Дванаесет дена по тешката сообраќајната несреќа од Министерството за здравство информираа дека уште еден од тешко повредените пациенти пуштен е на домашно лекување, а едно лице сѐ уште е во тешка состојба и се наоѓа на Одделот за интензивна нега во градската општа болница „8 Септември“.

Во тешката автобуска несреќа која се случи пред неколку денови седуммина од патниците загинаа на самото место, а меѓу загинатите имаше и помлади лица, на возраст од 25 до 30 години.
Во повредените имаше животно загрозувачки млада девојка, на која ѝ беше ампутирана ногата.
Возачот на автобусот ја преживеа сообраќајката. Во Клиничкиот центар во Скопје беа примени вкупно пет пациенти, од кои тројца лесно повредени.
Сообраќајната несреќа се случи на патот од Скопје до Тетово, автобусот се преврте од за сега непознати причини, при што имаше многу загинати и повеќе хоспитализирани лица.











