Конфликтите и тензиите заради блокадата на хуманитарната помош не стивнуваат. Откако претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги прекина врските со Колумбија и го најави протерувањето на колумбискиот дипломатски персонал, Богота соопшти дека дипломатите ќе ја напуштат Венецуела што е можно поскоро.

Целиот свет го следи развојот на настаните во Венецуела, каде што вчера четири лица загинаа во конфликтот на границата со Бразил, додека камион за хуманитарна помош се запали на границата со Колумбија.

Министерот за надворешни работи, Карлос Холмс Трухиљо, соопшти во Кукута, на границата со Венецуела, дека од безбедносни причини, колумбиските дипломати ќе заминат за Колумбија “што е можно поскоро”.

Трухиљо, исто така, ја предупреди администрацијата на Мадуро дека ќе биде одговорна за можните агресивни дејства во наредните часови или денови против колумбиските дипломати кои моментално се наоѓаат во Венецуела, објави Тасс.

Мадуро одлучи да стави крај на дипломатските односи со Колумбија, откако таа земја помогна во напорите на опозицијата да испорача хуманитарна помош за Венецуела.

На Колумбиските дипломати им даде рок од 24 часа да ја напуштат Венецуела.

Најмалку два камиони за храна и медицина за Венецуела од границата беа вратени во Колумбија, кога војниците лојални на Николас Мадуру користеле солзавец.

Најмалку два камиони се запалени на мостот Симон Боливар кои ги поврзуваа двете земји откако конвојот кој ја носел помошта наишол венецуелските војници кои ги вратиле назад, објави Ројтерс.

Извор:(Vijesti.ba / RTRS)