Убиен маж кој се обиде да киднапира авион за Дубаи

0
261

Припадниците на специјалните сили на Бангладеш го убија киднаперот кој бил вооружен со пиштол обидувајќи се да влезе во кабината на патнички авион, кој принуден беше да слета на аеродромот Читагонг, објавија денес официјалните претставници.

Киднаперот кој му рекол на пилотот дека имал проблем со неговата сопруга и дека сакал да разговара со премиерот на Бангладеш Шеик Хасин, убиен бил откако командосите влетале во авионот на меѓународниот аеродром во Читагонг.

“Се обидовме да го уапсиме или да го убедиме да се предаде, но тој одби, по што тој беше убиен”, изјавил генералот Мотиј Рахман, објави Срна.
Службеникот за цивилна воздушна администрација, Наџим Хасан, изјави дека сè укажува на тоа дека киднаперот бил вооружен со пиштол и дека околу телото имал експлозив. Не е познато дали пиштолот и експлозивот биле вистински.

Пред упадот на командосите, сите 142 патници и повеќето членови на екипажот биле безбедно евакуирани од авионот. Еден член на екипажот останал заложник.
Авионот Boing 737 бил на линијата од Дака до Дубаи.

Извор:(Vijesti.ba)