Брзата храна не прави депресивни

(Дубаи-Портал)Према студиите од 2017. година, луѓето кои често јадат брза храна, шансите да добијат некој вид на депресија се 51%, во споредба со оние кои не јадат хамбургер, хот дог или пица.

Храна богата со натриум

Голема количина на натриум може да го наруши вашиот нервен систем, кој може да биде поврзан со депресија, а исто така може негативно да влијае на вашиот имунитет и да предизвика замор. Премногу натриум може да предизвика задржување на водата во телото како и надуеност.

Хидрогенирано масло

Избегнувајте да јадете пржена храна, затоа што секоја храна пржена во масло содржи транс масти, кои можат да бидат поврзани со депресија. Исто така, бидете внимателни на заситени масти, кои можат да се најдат во млечни производи, путер, а исто така ги има и во храната за животни … Овие прехранбени производи можат да ги заглават артериите и да го спречат протокот на крв во мозокот.

Рафиниран шеќер

Рафинираниот шеќер ги крши нивоата на гликоза во крвта и ја црпи целата ваша енергија, го менува вашето расположение и ве води до неквалитетен сон.

Рафинирани житнарици

Белиот ориз, тестенините, пецивата се храна која е поврзана со воспалителни процеси во телото и може да биде поврзана со депресија, тврди весникот Brain, Behavior and Immunity.

Иако студијата беше спроведена на 40.000 жени, веруваме дека оваа храна може да има ист ефект и врз мажите. Студијата покажа дека жените кои конзумираат рафинирани житнарици, имале поголеми шанси да страдаат од депресија, во споредба со оние кои не ја конзумираат оваа храна.

Mahir Demišoski