Лавров: „Разговорите за воспоставување тампон-зона во Сирија се во тек“

0
217

Рускиот министер Лавров нагласи дека војската во моментот ги финализира разговорите за безбедносната зона со должна почит кон интересите на Дамаск и Анкара

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека разговорите за воспоставување безбедносна зона во северниот дел на Сирија долж турската граница се во тек и дека ја гледа можноста за распоредување на воената полиција на Русија, пренесува.анали пред неговата посета на овие земји, Лавров нагласи дека војската во моментот ги финализира разговорите за безбедносната зона со должна почит кон интересите на Дамаск и Анкара.

Тој нагласи дека зоната ќе биде формирана врз основа на Договорот потпишан меѓу Турција и Сирија во 1998 година, познат како Договор од Адана.

„Тоа е договор за соработка во искоренувањето на терористичките закани на заедничката граница, вклучувајќи ја и можноста турската страна да дејствува на одредени делови од границата на сириска територија“, го појасни тој Договорот од Адана.

„Сега конечниот формат на оваа тампон-зона е договорен со учество на војската“, додаде тој, отфрлајќи какви било заеднички воени активности во планираната безбедносна зона во областа.

„Имаме искуство кога се применуваат договорите за прекин на огнот на теренот, согласноста со безбедносните мерки и создавањето на деескалациските зони беа придружени со распоредување на руската воена полиција. Ова е сè уште можно за горенаведената тампон-зона“, рече Лавров.

Сепак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера истакна дека предложената безбедносна зона во северна Сирија треба да биде под контрола на Турција.

Тој, исто така, нагласи дека Договорот од Адана им овозможува на турските сили да спроведуваат операции во Сирија во близина на турската граница за да ги елиминираат заканите од тероризам.

Во 1998 година, Сирија и Турција потпишаа договор во турскиот јужен град Адана, чија цел беше олеснување на загриженоста на Анкара во врска со терористичката организација ПКК.

Терористичките кампови за обука беа затворени во Сирија, а на терористичките елементи им беа одбиени услугите од сириските банки.

Турција и Сирија, исто така, заеднички работеа на расчистување на мините од пограничните области, овозможувајќи подрачјата да бидат користени во земјоделски цели.

Турските официјални претставници во неколку наврати рекоа дека прекуграничната операција против ЈПГ/ПКК – сирискиот огранок на ПКК – ќе започне наскоро, источно од Еуфрат.