Мадуро ги затвори границите, убиени неколку луѓе

0
234

Тензиите во Венецуела, поточно на некои од нејзините гранични премини, не се смирува. Досега, 14 венецуелски војници, припадници на националната стража, ги напуштија своите позиции на границата на Венецуела и Колумбија, пишува Гардијан, осврнувајќи се на изјавите на колумбиската миграциска агенција.

“Она што го направивме денес е за нашите семејства, за Венецуела”, изјавил еден од нив за новинарите во близина на границата.

Тоа го сторија во пресрет на обидите на венецуелската опозиција да овозможи испорака на хуманитарна помош за земјата, за која претседателот Николас Мадуро се противи, во обид да го спречи тоа, тој објави затворање на границата со Бразил и делумно блокирање на границата со Колумбија. Локалните медиуми објавија дека луѓето се обидувале да се пробијат низ барикадата на границата со венецуелско-колумбиската граница, а избувнаа и протести, кои на крајот резултираа со конфликт со полицијата за интервенции во пограничните области.

Лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, се качил на еден од камионите кои носеле хуманитарна помош на државата, кој бил сопрен на границата.

Меѓутоа веднаш, преку границата, во градовите Сан Антонио и Урена, војниците лојални на Мадуро со гумени куршуми отвориле оган врз демонстрантите.

– Од блиску пукаа на нас, како да сме криминалци. Гумени куршуми ме погодија во лицето и грбот – изјавил еден од нив, Владимир Гомез, пренесува Ројтерс.
Повеќето демонстранти тврдат дека се само мирни граѓани кои сакаат хуманитарна помош заради општиот недостиг на храна и лекови во земјата.

“Ќе се борам за моето семејство, за моите деца и за моите родители, и покрај солзавецот”, им изјавила на новинарите Содеиде Монсалва (42).

Меѓутоа, откако биле сопрени од армијата, некои од самите граѓани направиле барикади на улиците, запалиле автобус и ги каменувале вооружените сили плачеа викајќи да ги пропуштат конвоите со хуманитарна помош.
Освен тоа, венецуелските сили денес убиле две лица недалеку од границата со Бразил. Испораката на хуманитарна помош и последователното затворање на границите се претвори во најнови конфликт меѓу претседател Мадуро и Хуан Гуаидо, самопрогласениот привремен шеф на земјата.

Гуаидо, кој вети дека со помош на волонтери ќе овозможи хуманитарната помош да влез во земјата, тврди дека таа е многу потребна за граѓаните, Мадуро тврди дека тоа е “маскиран” обид од страна на САД да ја нападнат неговата земја. Гуаидо ги повика војниците да го остават настрана диктаторот, додека Мадуро тврди дека “луѓето се мобилизирани” за да ја бранат својата земја. Венецуела, вовлечена во тешка економска и политичка криза, од 2015 година земјата ја напуштиле 2,7 милиони луѓе.