„Мирот ќе стапи во Авганистан“, порача претседателот на оваа земја, Ашраф Гани, велејќи дека Авганистанците можат сами да го бираат својот претседател, додавајќи дека право на тоа немаат Исламабад, Техеран и Москва
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, порача дека мирот не би требало да биде само на хартија, туку дека би требало да се има планови и проекти за иднината на земјата, јавува.
Зборувајќи во претседателската палата во Кабул, на состанокот со граѓаните на оваа земја, Гани истакна дека народот на Авганистан има надеж за подобра иднина.
Тој подвлече дека посакуваат траен мир во Авганистан.
„Мирот не би требало да биде само на хартија, туку би требало да се има планови и проекти за иднината на Авганистан“, порача претседателот Гани.
Тој смета дека економијата на Авганистан ќе се развие не со помош на странските земји, туку со сопствено производство и големи проекти кои ќе се реализираат во земјата.
Гани истакна дека земјата конечно треба „да застане на сопствени нозе“.
„Мирот ќе стапи во Авганистан“, порача претседателот Гани, наведувајќи дека Авганистанците можат самите да го бираат својот претседател, и додавајќи дека право на тоа немаат Исламабад, Техеран и Москва.
Anadolija