Ердоган: „Ако народите во Европа денес живеат во мир, тоа е благодарение на Турција“

0
194

„Ако денес европските народи во своите земји живеат во мир и сигурност, тогаш тоа е благодарение на Турција и турскиот народ. Но ние не сме во состојба да се жртвуваме засекогаш“, рече Ердоган.

 Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, говорејќи за Сирија, порача дека европските народи денес во своите земји живеат во мир и сигурност, благодарение на пожртвуваноста на Турција и турскиот народ.

Ердоган престојуваше во турскиот град Кахраманмараш, а во оваа пригода се обрати на собраните граѓани на главниот градски плоштад. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беше ситуацијата во Сирија.

„Ако денес европските народи во своите земји живеат во мир и сигурност, тогаш тоа е благодарение на Турција и турскиот народ. Но ние не сме во состојба да се жртвуваме засекогаш“, рече Ердоган, и додаде:

„На нашите браќа Сиријци, кои престојуваат во нашата земја, им недостигаат домовите и татковината. Сакаат што поскоро да се вратат во својата земја.“

Нагласи дека во сириските градови Африн, Џарабулус и Идлиб, за чија сигурност беше задолжена Турција, до денес се вратиле повеќе од 300.000 Сиријци.

„Регионите во Сирија, во кои денес се враќаат луѓе, кои претходно беа приморани да ги напуштат своите домови, се оние региони за чија сигурност беше задолжена Турција: Африн, Џарабулус, Идлиб. Во овие региони досега се вратија 311.000 наши браќа Сиријци“, рече Ердоган.

Ердоган повика да се поддржат напорите во кои Турција вложува во врска со истокот на Еуфрат, порачувајќи дека кога ќе се воспостави безбедноста во тој регион, милиони Сиријци ќе се вратат во своите домови.

„Нашата порака е, дајте во регионот на Идлиб во потполност да воспоставиме безбедност. Во врска со тоа разговаравме со Русија и Иран и остваривме многу значителен напредок. Нашата желба е тоа да го извршиме во соработка со нашите сојузници, но ако на тој пат не ни се олесни, ние сме решителни тоа да го оствариме по секоја цена и во сите услови“, порача Ердоган, потсетувајќи дека половина милион Сиријци очекуваат од Турција да го исчисти градот Мунбич, за да се вратат во своите домови.

Anadolija