Во реализираните топовски напади од страна на режимските сили на Бешар Асад и терористичките групи поддржани од Иран врз населените места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ во Сирија, животот го загубија 6 цивили од кои 5 деца.

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран извршија топовски напади врз населените места Серакиб, Хан Шејхун и Маратинуман во „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ и населените места Латемине и Кефер Зита и на областа Низината Габ во подрачјето на градот Хама.

Директорот за Цивилна одбрана (Белите беретки) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф изјави дека во овие реализирани напади од страна на режимските сили вчера во вечерните часови животот го загубија 6 мина цивили од кои 5 деца, а голем број цивили се ранети.

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на режимските сили врз „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ од почетокот на годината досега, животот го загубија најмалку 75 цивили, а повеќе од 265 мина се ранети.

Режимските сили не ги прекинаа нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година, на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.