Славче Таневски со уште еден дизајн за Мерцедес, кој стартува со производство

by Administrator

По светската премиера во Лас Вегас, на овој крај на светот започна производството на Mercedes CLA од втората генерација. Тоа е уште еден „македонски“ Mercedes, дизајниран од Славче Таневски. Исто како претходничката, купе-лимузината се произведува во Унгарија

Во фабриката на Mercedes во Кечкемет, Унгарија, започна производството на втората генерација на купе-лимузинската изведба во гамата на A-Class. Моделите од компакт класата на Mercedes имаа светска авантура лани. Прво стартуваше производството на A-Class во Раштат, Кечкемет и Усикаупунки (Финска), следеше лимузинската изведба во Агуаскалиентес (Мексико), па продолжената верзија посебно за кинескиот пазар (во фабриката во Пекинг), за кругот да се затвори со стартот на B-Class во Раштат, Германија.

Но, преостанува уште еден круг, за „специјалистите“, како CLA Coupe, CLA Shooting Brake, GLA и GLB на крај. Новиот круг го почнува CLA Coupe, моделот чијшто дизајн носи потпис на македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz Cars, Славче Таневски.

Mercedes CLA е првиот модел со сребрена ѕвезда што имал премиера на ЦЕС во Лас Вегас

Mercedes CLA е наменет првенствено за помладиот круг купувачи. Моделот имаше премиера на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, како манифестација којашто големите производители не ја пропуштаат.

You may also like