Познати сите парови во Лига Европа

0
186

Денеска во Нион (Швајцарција) беа извлечени паровите за осминафиналето во Лига Европа, фаза во која ќе видиме неколку интересни дуели.

Најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу Интер и бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. „Нероаѕурите“ на хартија се фаворити, меѓутоа германскиот прволигаш воопшто не е за потценување и тоа најдобар доказ се овогодинешните резултати во ова натпреварување.

Премиерлигашите Челси и Арсенал добија ривали по мерка, противници против кои дефинитивно ќе ја имаат фаворитската улога. „Сините“ ќе се соочат со Динамо Киев, а пак четата на Алегри ќе излезе на мегдан со француски Рен кој во претходната рунда беше подобар од Бетис.

Динамо Загреб на нашиот Аријан Адеми пак ќе се соочи со португалскиот гигант Бенфика.

Првите дуели се закажани за 7 март, додека пак реваншите се на програмата една недела подоцна (14 март). Да потсетиме оваа година финалето се игра во Баку на 29 мај.

Парови за осминафиналето во ЛЕ:

Челси-Динамо Киев

Ајнтрахт Франкфурт-Интер

Динамо Загреб-Бенфика

Наполи-Салцбург

Валенсија-Краснодар

Севилја-Славија Прага

Арсенал-Рен

Зенит-Вилјареал