Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, командоски единици на Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција на 15 места во областа Хакурк на северот на Ирак и притоа беа пронајдени 17 пештери, засолништа и скривници
Во реализирана операција во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се пронајдени 17 пештери, засолништа и скривници кои биле користени од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, командоски единици на Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција на 15 места во областа Хакурк на северот на Ирак.
Притоа во операцијата се утврдени 17 пештери, засолништа и скривници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, од кои некои биле бетонирани, таваните биле покриени со метални плехови и внатре биле создадени простории за живеење.
Во овие зајачени пештери и засолништа со влезови и излези од три страни се пронајдени експлозивни напреди од рачна изработка од кои еден дел биле подготвени со амониум нитрат и зајачени со шајки и други различни материјали кои што се употребуваат за изработка на рачни бомби.
Освен тоа во реализираните пребарувања во овие пештери и засолништа се запленети и една цевка од противавионско оружје, два фишеци за истрелување на гранати од рачен минофрлач РПГ-7, два тони гориво, 500 метри кабел за употреба во експлозивна направа, документи и карти за регионот, како и голема количина на материјали за обезбедување на потребите за живот и облека.
Сиве овие пронајдени пештери, засолништа и скривници, како и материјалите беа уништени.











