Струга, 21. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада.
Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 29-ти ноември 2017 година, во село Ливада, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива










