Џузепе Бепе Марота, директорот на Интер,  во интервју за пред натпреварот на неговиот тим против Рапид Виена откри дека клубот e блиску до реализација на трансферот на дефанзивецот на Атлетико Мадрид.

Станува збор за Диего Годин, кој вчера постигна погодок против Јувентус, со кој му донесе голема предност на својот Атлетико пред реванш средбата во Торино.

-Што мислам за голот на Годин? Среќен сум. Ние сме во завршни преговори со него и убаво беше да се види дека дал гол. Голем оптимист сум за неговиот трансфер и се надевам дека истиот ќе биде официјализиран наскоро, изјави Марота.

Шпекулации за неговиот трансфер во Интер постоеја и порано, а се чини дека работата е многу блиску до реализација.