Реал Мадрид спремен да се збогува од Герет Бејл и да донесе една од двете звезди на Премиер Лигата

by Administrator

(Дубаи-Портал)Најверојатно, Реал Мадрид е спремен на еден од најдобрите играчи во тимот, ова лето да го испрати од клубот. Герет Бејл (29) е играчот кој Реал Мадрид може да го искористи за преговарање околу доведување на Еден Азар или Кристијан Ериксен.

Герет Бејл кој е на договор со Реал Мадрид до 2022 година, ова лето би можел да биде заменет со една од двете звезди во Премиер Лигата, Еден Азар од Челси или Кристијан Ериксен од Тотенхем, јавува Скај Спорт(Sky Sport).

Герет Бејл во одиграните шест години за Реал Мадрид во 145 утакмици успеа да забие 76 голови.

Mahir Demišoski

You may also like