Манчевски најави повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

0
186

Со новиот закон, Инспекторите прво ќе опоменуваат, па потоа ќе казнуваат. Оваа е предвидено со новиот Закон за инспекциски надзор, со цел помалите компании да бидат поштедени од високи казни.Министерот за информатичко општество најави и зголемување на платите на инспекторите за 10% на почетокот на следната година и да достигнат зголемување од 30% во 2022.

Новиот Закон предвидува и инспекциските служби да се зајакнат со нов кадар, а инспекторите нема да може да се користат како механизам за политички или економски притисок.

  • Со законот е предвидена динамика за зголемување на платите, но предност ќе имаат инспекциските служби изложени на најголем ризик, како на пример од Пазарната инспекција. Тие работат и навечер во ноќни клубови каде има алкохолизирани лица, често и се напаѓани. Не е исто да си пазарен инспектор и инспектор во образованието, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Анализите на сите инспекциски служби покажале недостиг од кадар и на државно и на локално ниво. За да се овозможат нови вработувања се воведува и нов систем за стекнување лиценца за инспектор и за нивна постојана обука и стручно усовршување.

  • Сегашната бројка од 1.000 инспектори е апсолутно недоволна за да се постигне се. Со сегашните правила што не одговараа на реалноста никој не ќе можеше да стане инспектор во наредните неколку години. Сега ја отвораме можноста и секоја инспекциска служба согласно своите можности ќе треба да изврши вработувања, наведе министерот.

Манчевски рече дека вкупно има 1.000 инспектори во сите служби што е недоволно. За платите, вели, предност имаат оние кои се изложени на ризик како пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспектори во образование.

Со законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите.