(Дубаи-Портал) – Неодамна се изврши Еко патрола од страна на “Monitoring, Protection and Sustainable use of the Reed Belt of Lake Ohrid”(Фејсбук група). Наиме, Еко патролата беше со цел за прикажување на моменталната состојбата во која се наоѓа дел од езерото. Преку слики и текст ќе видете во каква состојба е појасот трски, после неодамнешните случувања.



Состојбата на појасот трски на Охридско Езеро по палењето потегот на патот Калишта-Струга е алармантна и јасно е видливо дека огромен дел од трската е запален, дел се тампонира и се подготвува за градба.
– Појасот трски на Охридското Езеро е вегетација која се формира долж крајбрежјето на езерото со дисконтинуитет во нејзината должина, формирајќи поголеми или помали комплекси на трска. Поголемите комплекси на трска, поради нивната просторност, дејствуваат како зона за одделување на природата/езерото од човекот, со што се обезбедуваат услови за живеалиште на птиците, исто така поради нивните карактеристики на мочуриштата, тие функционираат како мрестење на рибарски крап. Појасот трски претставува систем за само-прочистување на езерото, кој е најголемиот резервоар на свежа вода во Европа. Појасот трски придонесува за намалување на влијанието на бранот на езерото и го заштитува брегот од ерозија, прочистување на водата од штетните супстанции и естетика на езерото, потсетуваат од групата.



Додаваат дека сегашната слика на струшкото крајбрежје е во многу тешка состојба. Појасот трски се сочува со сечење, палење, копање, бетонирање и уништување на целиот појас трски.

– Природните вредности на Охридското Езеро и крајбрежјето се под притисок од неодржливо користење на ресурси и од неодржлив развој на туризмот во целиот регион, придружен со ниска свест кај носителите на одлуки и недостаток на интегрирано урбанистичко планирање. Неконтролираните градби долж брегот на езерото имаат негативно влијание врз езерото и пејзажот, објавија на нивната страна на Facebook.











