Во вооружен напад во Нигерија загинаа 17 лица, а голем број лица се ранети

0
169

Во вооружен напад во западноафриканската држава Нигерија загинаа 17 лица, а голем број се ранети.

Портпаролот на провинцијата Бенуе Итервер Акасе истакна дека во нападот во областа Агату извршен од страна на засега неидентификувани лица загинаа 17 лица, а голем број се ранети.

Велејќи дека ранетите биле префрлени на лекување во болница, Акасе истакна дека е започната истрага во врска со случајот.

Областа за која станува збор повремено станува сцена на жестоки судири помеѓу овчарите и земјоделците

Фуланите кои за напасување на своите стада се иселиле во јужниот дел на земјата, тврдат дека земјоделците се обидувале да ги украдат нивните животни и дека биле подложени на нивните напади.

Се наведува дека, овчарите Фулани во областите на југот на земјата каде што во мнозинство живеат христијани, се обидуваат да го шират учењето на исламскиот проповедник Шејх Осман Дан Фодио кој живеет во 18-от век.