Анкара: Во несреќа во текот на воена вежба ранети пет војнци

0
177

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во несреќата која се случила во текот на вежбата се ранети пет војници.

АНКАРА (AA) – Во воената касарна Сакарја во Анкара дојде до експлозија на муниција, а според првичните информации ранети се пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во несреќата која се случила во текот на вежбата се ранети пет војници.

Ранетите војници се префрлени во болница, а во соопштението се наведува дека до несреќата дошло во текот на вежба на гаѓање.

Покрената е истрага во врска со случајот.