(Дубаи-Портал) Ербил – Претседателот на сирискиот режим Башар ал Асад во неделата ги предупреди курдските сили во Сирија ,дека Вашингтон нема да ги заштити ако Турција спроведе било каква операција против сириските Курди откако американските сили ќе се повлечат од земјата.
“Им кажуваме на оние групи кои се потпираат на Американците, дека Американците нема да ги заштитатт”, рече Асад, пренесува каналот НоваАзија.
Претходно во декември, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги повлече американските трупи од Сирија, тврдејќи дека војната против Исламската држава завршила и дека мисијата на Вашингтон во земјата била остварена.
Неговото изненадувачко соопштение дојде додека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган постојано се закануваше дека ќе ги нападне курдските сили поддржани од САД, бидејќи земјата курдските вооружени сили ги гледа како продолжение на Курдската работничка партија (ПКК), вооружена група назначена како (терористичка организација) од Анкара.
“Американците не ве чуваат во нивните срца … Тие ќе ве стават нивните џебови, за да им служете како чипови за договарање”, додаде Асад.
“Никој нема да те заштити освен твојата држава. Никој нема да те одбрани освен Сириската Арапска војска”.
Mahir Demišoski









