Ердоган: Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран

by Administrator

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на колективната церемонијата на ставање во употреба на неколку нови проекти што се одржа во паркот Ќороглу во населеното место Алтиндаг во Анкара покажа реакција против критиките кои што се упатуваат во врска со активностите на Турција за истражување нафта во водите на Источниот Медитеран.

Ердоган истакна дека Турција нема да ги сопре работите за истражување на нафта во Источниот Медитеран.

„Нема да се откажеме од одбраната на правата на нашата земја и на нашите браќа во Северен Кипар над енергетските извори. Нашите работи ќе ги продолжиме до крај и Иншаллах (со Аллахова помош) ќе му ги дадеме и радосните вести на нашиот народ кои што ги очекува со нетрпение.“ – рече Ердоган.

Велејќи „На нашиот дневен ред се наоѓа формирањето на безбедна зона во нашите погранични области“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека 310 илјади од сириските бегалци кои се наоѓаа во Турција се вратија назад во своите домови.

You may also like