Почина пекарот од Грција, кој бесплатно им делеше леб на бегалците.
(Дубаи-Портал) АТИНА – Грчкиот пекар Дионис Арванитакис, кој бесплатно ги снабдуваше бегалците со леб, почина на возраст од 77 години.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази почит кон “примерниот европски граѓанин” кој покажа “необична благодарност и сочувство за стотиците повредени имигранти”.
“Мојата Европа е онаа што ја симболизира Дионис Арванитакис”, рече Јункер.
Арванитакис потекнува од сиромашно семејство од 10 члена, а на 16 години емигрирал во Австралија, а подоцна се вратил во Грција и се населил на островот Кос во 1970 година, каде што отворил пекара, од која и преживувал.
Во март месец 2015. година, тој беше познат по неговата хуманност така што дневно со 100 килограми леб ги снабдуваше бегалците кои пристигнуваа на островот Кос.
“Знам какво е чувствувото кога немаш ништо”, зборуваше Арванитакис, објавува Бета.
Mahir Demišoski










