Турција: Истрага против терористичката ФЕТО, налог за приведување 53 војници

0
130

Постапувајќи по налог на Обвинителството, турската полиција покрена истовремени операции во 15 области за осомничените војници да ги лиши од слобода и да ги предаде на надлежните правосудни институции

ИСТАНБУЛ (АА) – Кабинетот на државниот обвинител во Истанбул издаде налог за приведување на 53 активни припадници на Турските вооружени сили (ТСК), кои се товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Осомничените се товарат дека со специјални телефонски линии комуницирале со челниците на терористичката организација ФЕТО која во јули 2016 година со воен удар се обиде да ја собори легалната турска власт.

Постапувајќи по налог на Обвинителството, турската полиција утринава покрена истовремени операции во 15 области за осомничените војници да ги лиши од слобода и да ги предаде на надлежните правосудни институции.

Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, за да ги зајакне значително своите паралелни пирамиди во рамките на овие институции во 1980-тите години, и на 15 јули 2016 година да го изведе неуспешниот обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.

Во текот на обидот за воен удар во Турција убиени се 251 лице, а ранети околу 2.200 лица. Турските надлежни институции започнаа опсежна борба против оваа терористичка организација, на чие чело е Фетула Ѓулен.