Израелските сили приведоа 22 Палестинци

0
155

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, меѓу кои парламентарни членови, жени и малолетници

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелските војници приведоа 22 Палестинци во синоќешните операции во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на израелската војска се вели дека Палестинците биле уапсени под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“.

Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, меѓу кои парламентарни членови, жени и малолетници.