33
Денес израелската полиција ги затвори сите влезови во Ал-Акса, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди Гласноговорникот на Управата за вакуфи во Ерусалим, Фирас Дибс., но како дознаваме према последните информации, влезовите во Ал-Акса се повторно отворени.
Дибс рече и дека израелските полицајци вчера ги нападнале муслиманите кои поради верските обреди се наоѓале во Ал Акса.
Израелската полиција не упати соопштение.