Терористите и терористките на организацијата сведочеа за бројни силувања и злоупотребувања на жени, мажи и деца во рамките на организацијата.
АНКАРА (AA) – Исповедите на терористите кои се предадоа на припадниците на безбедносните сили на Република Турција уште еднаш покажаа дека жените и малолетните лица во рамките на сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК се изложени на сексуално злоупотребување, силување, а децата се присилени да војуваат во корист на таа терористичка организација.
Според сознанијата на Anadolu Agency (AA) од терористите кои им се предадоа на безбедносните сили по бегството од камповите на ПКК, жените и малолетните лица преку своите изјави уште еднаш потсетуваат на лошото лице на терористичката организација која во во успешните акции на припадниците на безбедносните сили од ден во ден трпи сè поголеми загуби.
Терористката која остана бремена откако ја силуваше терористот Е.А. рече дека на припадниците на безбедносните сили им се предала откако припадниците на терористичката организација ѝ го одзеле детето за да го продадат во Европа.
Терористката со кодно име „Амед“ рече дека врз основа на она што го видела и го слушнала сфатила дека постојат тешки растројства кога станува збор за челниците на ПКК во планинските подрачја Кандил во северен Ирак, и дека сите знаеле дека Мурат Карајилан и Дуран Калкан покажуваат склоност кон сексуално злоупотребување на жени и деца, и дека сите ги мразат.
М.Л.Г на припадниците на безбедносните сили им се предаде во 2017 година, а на 16 години е силувана во кампот на ПКК на подрачјето на планинскиот регион Зап. Додаде дека се пожалила за тоа, но дека е обвинета за шпионажа, лага и клевета и испратена во затворот на таа организација. Во рамките на ПКК структурите сведочеше за случаи на сексуално злоупотребување.
Г.Ц. на припадниците на безбедносните сили им се предаде на 12 септември 2018 година, призна дека силувал девојче, кое било заплашувано за да не избега.
Терористот Ф.Т. се предаде во 2011 година, а во организацијата бил активен помеѓу 2003 и 2010 година. Изјави дека повеќе пати сведочел на сексуални злоупотребувања на мажи, од кои се замрзнува крвта во жилите. Додаде дека постарите членови силувале и злоупотребувале помлади и нови членови на организацијата.
ПКК основаше единица која ја сочинуваа деца на возраст помеѓу 9 и 14 години, а одредени девојчиња од таа единица кои биле жртва на силување, подоцна се обиделе да извршат самоубиство. Некои од нив останале бремени по силувањата, а испратени се во најблиските болници каде што, и покрај тоа што биле животно загрозени, присилно ја завршиле бременоста. И меѓу нив имало лица кои поради претрпената траума се обиделе да извршат самоубиство.
Припадник на ПКК сведочеше дека одредени девојки и девојчиња во рамките на организацијата консумирале опојни дроги. по што биле сексуално злоупотребувани. Имено, на девојчињата на возраст од 13 и 14 години во храната и пијалаците им е ставана дрога, и така станале зависни од неа. Секогаш кога дрогата делувала, девојчињата биле жртви на силување.
Пребегнатиот терорист рече дека децата во организацијата се изложени на сите облици на сексуално злоупотребување, дрогирања и силувања, а потоа им се заканувале за да се спречи нивно бегство. И покрај заплашувањата, многумина, иако свесни за ризикот, одлучиле да избегаат.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската вооружена кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.









