Во нападите на Асадовиот режим во Идлиб загинаа 10 лица, а повеќе од 30 мина се ранети

0
222

Сирискиот режим и групите поддржани од Иран реализираа 236 топовски истрели и ракетни напади врз подрачјето на градот Идлиб во кои животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 мина беа ранети

Во реализирани напади од страна на силите лојални на режимот на Бешар Асад врз Идлиб во Сирија животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 мина беа ранети.

Сирискиот режим и групите поддржани од Иран реализираа 236 топовски истрели и ракетни напади врз Идлиб.

Цел на нападите беа 13 населени места во границите на областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во подрачјето на Идлиб.

За еден ден во нападите со кои беше прекршен Договорот од Сочи животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 мина беа ранети.

Како што се истакнува три од загинатите биле жени, а три деца.

Во реализираните напади исто така од страна на сирискиот режим во петокот вечер пак, животот го загубија четири лица во границите на областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во подрачјето на Идлиб, 9 лица на југот на Идлиб.

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на режимските сили врз подрачјето на градот Идлиб од почетокот на годината досега животот го загубија 63’јца цивили, а повеќе од 250 мина беа ранети.