Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот и истакна дека тероризмот ќе биде искоренет
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во населеното место Мамак во Анкара се состана на доручек со семејствата на шехидите (паднатите борци во борбата против тероризмот) и газиите (ранетите борци во борбата против тероризмот) и нивните блиски.
Во говорот што го одржа во оваа пригода министерот Сојлу ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот и истакна дека тероризмот ќе биде искоренет.
Велејќи дека Турција не личи на другите земји, Сојлу напомена дека Турција исто така не е земја која е одговорна само за самата себе.
Тој појасни дека во подрачјата Џераблус, Азез, Ел Баб и операцијата Еуфратски штит во Сирија се наоѓаат турската армија, жандармеријата, полицијата, кајмакамите, лекарите, учителите и медицинските сестри.
“311 илјади Сиријци моменталното преминаа во тие подрачја, на своите територии. Ние сме народ кој е одговорен за воспоставување на спокојството и во географијата околу нас, а не само за својата земја.” – рече Сојлу.
Подвлекувајќи дека пристапувањето кон терористичките организации е на најниско ниво во последните 30 години, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: “Во последните 2 години уништивме 3 илјади пештери и засолништа. Во оваа земја нема да остане ништо од терористичката организација ПКК. Наша должност кон нашиот народ е да ја закопаме 7 слоја во земјата. Тоа претставува наша одлучност.”











