Почина Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ

0
548

(Дубваи-Портал) Популарниот пејач на народната музика, Шабан Шаулиќ, денеска почина по сериозна сообраќајна несреќа во Германија.

Според неофицијални информации, sвездата на народната музика во својот автомобил бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во близина на градот Билефелд, каде настапувал.

Шабан Шаулиќ бил итно префрлен во болницата, каде што и починал, пренесуваат српските медиуми.

За Хајат оваа информација ја потврди неговиот долгогодишен пријател, Сабит Дервишевиќ Саша.