Трамп: Премиерот на Јапан, Абе, ме предложи за Нобеловата награда за мир

0
162

Претседателот на Америка, Доналд Трамп потврди дека премиерот на Јапан, Шинзо Абе, го предложил како кандидат за Нобеловата награда за мир, поради неговата улога во отпочнувањето на диалогot со Северна Кореја.

Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, на прашањето во врска со средбата со севернокорејскиот лидер Ким-Јонг-Ун која се оддржа во Вијетнам, рече дека премиерот на Јапан, Абе, него го предложил како кандидат за Нобелова награда за мир.

Тој исто така изјави дека Абе испратил копија од писмото што претходно го испратил до норвешкиот Нобелов комитет и ја напишал следнава порака: “Во името на Јапонија, ве предлагам како кандидат. Мојот предлог е да ви ја дадам Нобеловата награда за мир”.

Потсетувајќи дека Нобеловата награда за мир во 2009 година му беше доделена на поранешниот американски претседател и неговиот претходник Барак Обама, Трамп рече:

Како потсетување во 2009-та година, Нобеловата награда за мир му беше доделена на поранешниот претседател на америка, Барак Обама.

Трамп исто така надополни: Најверојатно, јас никогаш нема да ја добија, но не е важно. Му ја дадода на Обама, а мислам дека ни самито тој не сватил зошто ја добил. Ја доби после само 15 секунди откако стана претседател. А тогаш и самиот кажа: Со што ова признание го заслужив? Јас мислам дека ваквата награда нема никогаш да ја добијам.

Од другата страна, јапонските функционери не ја потврдија оваа информација. Министерството за надворешни работи на Јапан соопшти дека ја слушнале изјавата на Трамп, но не можеле да потврдат ништо во околу разговорот меѓу Трамп и Абе.

Самитот на кој ќе се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и водачот на Северна Кореја, Ким Јонг, се планира за крајот на февруари. За прв пат двајцата се сретнаа на 12 јуни 2018 година во Сингапур, кога се договорија за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Извор: Јапан Тајмс

Превод: Махир Демишоски