Од Октомври месец најмалку 900 мртви од морбили во Мадагаскар

0
270

Светската здравствена организација, С.З.О, во четвртокот изјави дека од Oктомври месец најмалку 900 деца и млади луѓе починале од мали сипаници во Мадагаскар , и покрај огромната програма за итна вакцинација.

Докторката Кетрин Кретсингер на прес-конференцијата изјави дека бројот на смртни случаеви се базира на официјални бројки и дека моменталниот број на заболени пациенти изнесува 66 илјади.

Кретингер исто така изјави дека до сега се вакцинирани 22 милиони од вкупно 26 милиони жители.

Малите сипаници се високо заразна вирусна болест која може да предизвика компликации вклучувајќи слепило и оток на мозокот како и да ја зголеми на појавување на други болести.

С.З.O вели дека стапката на неухранетост од 47 проценти во земјата може да го зголеми ризикот од сериозни компликации и смрт од инфекција со мали сипаници.