САД испраќаат нов пакет помош за Венецуела по „барање на Гваидо“

0
70

„На 16 февруари, Стејт департментот, УСАИД и Министерството за одбрана, со кооперативни напори ќе испорачаат помош подготвена за распределување во Венецуела преку Кукута, Колумбија“, соопшти Стејт департментот

ВАШИНГТОН (АА) – Американската администрација вчера соопшти ново испорачување на хуманитарна помош за Венецуела, по барање на лидерот на опозицијата и самопрогласениот претседател Хуан Гваидо, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заменикот-портпарол на американскиот Стејт департмент, Роберт Паладино, ја повика Владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, да дозволи помошта од Агенцијата на САД за помош и развој (USAID) да влезе во земјата за оние кои имаат потреба од неа.

„На 16 февруари, Стејт департментот, УСАИД и Министерството за одбрана, со кооперативни напори ќе испорачаат помош подготвена за распределување во Венецуела преку Кукута, Колумбија“, соопшти Паладино.

„Оваа помош ќе ги опфати најголемите потреби за најранливата популација во Венецуела“, додава Паладино.

Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога Мадуро положи свечена заклетва за втор мандат, по изборите кои беа бојкотирани од опозицијата.

Тензиите пораснаа кога на 23 јануари Гваидо се самопрогласи за вршител на должноста претседател, потег кој беше поддржан од САД и од многу европски и латиноамерикански земји.

Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико му ја дадоа својата поддршка на Мадуро.