„Во текот на овој период, Османлиите псотигнаа светско-историско искуство кое може да се земе како пример за останатото човештво“, нагласи Учер.
СКОПЈЕ (АА) – Во рамки на проектот насловен „Заедничко османлиско наследство“ организиран од страна на Здуржението за едукација и идеи „Фетах Ефенди” од Скопје, со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), се одржа конференција на тема „Сведоштво, компетентност и лидерство: Дефинирање на уметот во 16. век кај Османлиите од перспектива на Ебусуд Ефенди“, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата се одржа во кампусот на Меѓународниот Балкански Унверзитет (ИБУ) во Скопје, додека покрај доц. д-р Ибрахим Халул Учер, професор во Универзитетот Меденијет во Истанбул, кој учествуваше како говорник на конференција, присутни беа директорот на Турската Фондација Маариф во Македонија, Мустафа Дилиоглу, претседателот на Здружението „Фетах Ефенди”, Севба Абдула, претставници на институциите во земјата, како и студенти.
Претседателот на Здуржението „Фетах Ефенди”, Абдула, во изјава за медиумите истакна дека вечерва ја реализираат втората конференција од проектот „Заедничко османлиско наследство“ кое се организира во рамки на Балканската младинска школа.
Абдула информираше дека овој проект за кој станува збор, започна минатиот месец, а веќе продолжува со курсеви по османлиски јазик.
„Покрај тоа, определивме датум за студентите со цел да реализираат активности во насока на пишување написи. Проектот ‘Заедничко османлиско наследство’ продолжува со полно темпо. Ќе продолжи во текот на целата година со нашите вредни професори, екскурзии и други активности“, рече Абдула.
Од друга страна, доц. д-р Ибрахим Халил Учер нагласи дека за време на конференцијата се разговарало за тоа како Ебусууд Ефенди кој бил шејхулислам во османлискиот период, во 16. век го дефинирал изразот „умет“.
Учер рече дека Ебусууд Ефендија изразот умет го опишал со карактеристиките како „мудрост, чесност, храброст и правда“.
„Кога го прави тоа, на уметот му припишува многу посебна вредност. Тој уметот го поврзува со карактеристиката на сведошство, и вели дека припадноста во исламскиот умет треба да се дефинира со сведоштво за целото човештво“, додаде Учер.
Учер истакна дека 15. и 16. век, од аспект на светската историја, е период на „Pax Ottomana“, односно период на Османлиски мир.
„Во текот на овој период, Османлиите псотигнаа светско-историско искуство кое може да се земе како пример за останатото човештво“, нагласи Учер.









