Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на една промотивна програма на која што учествуваше во населеното место во Кумлуџа кај градот Анталија се осврна и на тројниот самит посветен на Сирија што се одржа вчера во рускиот град Сочи.
Притоа Чавушоглу истакна дека Турција ќе ги исчисти терористите од спротивната страна на нејзината граница.
Велејќи дека за продолжување на прекинот на огнот во Сирија, политичко решение, вклучувајќи го и формирањето на Уставотворниот комитет во оваа земја, Турција во Сочи ги изнесе своите мислења и ставови за елиминирање на терористите од спротивната страна на границата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Онака како што досега ги исчистивме терористите во Африн и со операцијата Еуфратски штит, истото ќе го сториме и со ДЕАШ, ПКК, ЈПГГ, Ел Нусра. Терористот е терорист. И отсега ќе ги чистиме терористите на ЈПГ, ПКК, преку нашата граница. Така или онака ќе ги исчистиме. Тоа ќе го сториме по секоја цена.“
trt










