Ердоган: „Не сакаме нови хуманитарни кризи во регионот“

0
61

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека не сакаат нови хуманитарни кризи ниту во Идлиб, ниту во другите подрачја во Сирија.

Заврши трилатералниот самит Турција-Русија-Иран за Сирија во рускиот град Сочи со учество на претседателот Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.

По самитот тројцата лидери одржаа заедничка прес конференција.

Преседателот Ердоган истакна дека размениле мислења во врска со активностите за повторно воспоставување мир и стабилност во Сирија. Исто така примирјето во Идлиб беше една од значајните точки на дневниот ред.

Ердоган рече дека на средбата разговарале и за одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување од Сирија. Повлекувањето на САД од Сирија мора да се врши без да се даде можност за создавање вакуум, кој ќе биде злоупотребен од страна на ПЈД, ЈПГ и ДЕАШ. Процесот треба да се разгледува со цел да се уништи заканата од тероризмот. Безбедносните зони не треба да се оценат како простори во кои терористичките организации ќе растат. Турција нема да дозволи терористички коридор во регионот.

Трите земји гаранти постигнавме значаен напредок на патот за изнаоѓање политичко решение во Сирија, рече Ердоган и додаде дека досега претходно изгледите за политичко решение за Сирија не беа толку оптимистички.