Ерен: Турција го презентира најдобриот пример пред светот по прашањето на прифаќање на бегалците

0
82

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници Абдуллах Ерен во говорот што го одржа на една манифестација во генералното седиште на Обединетите нации (ОН) информираше во врска со кризата во Сирија и политиките на социјално образование на Турција во правец на зајакнување на младите Сиријци кои се наоѓаат со статус на привремена заштита.

Ерен истакна дека Турција го презентира најдобриот пример пред светот по прашањето на прифаќање на бегалците.

Велејќи дека војната во Сирија која влезе во својата 8 година стана причина за најголемото насилно раселување во светот поради што моментално 5,7 милиони Сиријци од кои повеќеод 2,5 милиони деца, се во положба на бегалци во Египет, Ирак, Јордан, Либан и Турција, Ерен напомена дека директно ги искуси проблеми и влијанијата создадени од сириската криза.

Тој појасни дека Сиријците кои бегајќи од војната дојдоа во Турција од страна на турските надлежни органи и претставниците организациите за хуманитарна помош се сместени во центри за привремена заштита и рече: „Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони Сиријци со статус на привремена заштита.“

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници Абдуллах Ерен привлече внимание дека во 2011 година процентот на Сиријците кои беа сместени во кампови изнесуваше 10 отсто, додека овој процент денеска опадна на 5 отсто и дека бегалското население со негова обука и едуцирање е интегрирано во социјалниот живот.

„На кризата на нејзината граница Турција одговори со ‘политика на отворена врата‘ која што овозможи милиони луѓе да останат во живот. Нашата цел секогаш беше да не оставиме назад (да не се откажеме од никого) вклучувајќи ги и старците, младите, хендикепираните, жените и децата.“ – рече Ерен.

фото:ТРТ

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заеднициАбдуллах Ерен своето излагање пред Обединетите нации (ОН) го продолжи со следните зборови: „Турција покажа извонреден напор на национално и меѓународно ниво и го презентира најдобриот пример пред светот од аспект на општественото прифаќање и општествениот развој на сириското население кое живее во Турција.“

Објаснувајќи дека на сириските ученици им се доделува и стипендија,  Абдуллах Ерен додаде дека освен тоа им се пружа можност од стипендија на уште 17 илјади ученици од повеќе од 160 земји во светот, како Авганистан, Ирак Јемен и сл.