МНР на Турција објави писмено соопштение во кое се изразува сочувство за жртвите во трагичната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во Република Северна Македонија, а на повредните им се посакува побрзо оздравување
Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение во врска со трагичната сообраќајна несреќа до која дојде вчера во вечерните часови на автопатот Скопје-Тетово во Република Северна Македонија, а во која при излетување од патот и превртување на патнички автобус смртно настрадаа 14 лица, а 30 лица беа повредени, од кои некои потешко.
Во соопштението на министерството се вели следното: „Со жалење ја примивме веста за сообраќајната несреќа што се случи вчера во вечерните часови при превртување на патнички автобус во близина на Скопје, во која загинаа 14 лица, а голем број лица беа повредени. Го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите во несреќата и до нашиот братски народ на Македонија, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“











