Албанија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Џафери искажа искрена благодарност

0
213

„Албанскиот Парламент денеска го ратификуваше пристапниот Протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Со 130 гласа „за“ на денешната пленарна седница, Албанија дозволи ратификација. Седницата почна со едноминутно молчење во чест на загинатите од тешката сообраќајна незгода која вчера се случи во нашата земја.

На седницата претходно се обрати и собранискиот спикер Талат Џафери кој што го истакна задоволството од пријателството меѓу двете земји.

„Имам чест денес да се обратам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го изразам моето лично задоволство и чувството на гордост што денес сум сведок на еден толку свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. Денес, пред сѐ сум сведок на непосредната рефлексија на вистинското пријателство, на искреното соседство и безусловната поддршка на една братска држава како што е Република Албанија.

Односите помеѓу нашите две земји се преплетени со силни нишки на пријателство, меѓутоа и со семејни врски. Имаме развиени билатерални односи на сите највисоки политички нивоа, меѓутоа и на полето на економската, културната, образовната, дури и туристичка соработка. Вие сте наш силен поддржувач во сите регионални иницијативи и пред мултилатералните меѓународни тела.“, рече Џафери.