Мерцедес го представи болидот за новата сезона

0
130

Станува збор за болид на кој сите други тимови ќе му завидат во текот на зимските тестирања во 2019 година.

Мерцедес објави серија дигитални слики од болидот за кој се надеваат дека се на пат на шестата последователна победа во шампионатот на конструктори.
За Мерцедес оваа сезона ќе возат актуелниот шампион Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Болидот на Мерцедес во 2018 год. W09, на Луис Хамилтон му помогна да дојде до петтата титула, четврта со Мерцедес во неговата кариеа, додека со помош на Хамилтон и Ботас, Мерцедес дојде до својата петта конструкторска титула, во битка со големата конкуренција, Ферари.

И покрај фаворизирањето пред самиот старт на новата сезона, пред тестирањето во Барселона, директорот на Мерцедес, Тото Волф, настојува да се намалат очекувањата – поготово со новиот сет на аеродинамични прописи кои го регулираат дизајнот на новиот болид.

“По втор пат после 2017. годна, дојдовме до големи промени во прописите, рече Волф. Се е поставено одново. Секој тим има шанси да направи болид, со кој може многу далеку да стигне. Јас сум многу изненаден нештото како некои тимови излегоа на голем повидок, па се прашувам дали ние успеавме да ја задржиме позицијата на самиот фронтот.”

“Петте двојни шампионати што ги очекувавме се многу далеку, но секоја сезона започнува со нула поени.

Не постои ништо, нема ниту една заслуга која би можеле да ја земаме од претходните сезони, поради тоа, секоја година со истата мотивација и глад за нови успеси стартуваме во новата сезона, како и секоја претходна.”