Соединетите Американски Држави со рекорден долг од 22 трилиони долари

0
281

Државниот долг на САД достига рекордно ниво од над 22 трилиони долари, соопшти американското Министерство за финансии.

Националниот долг на Соединетите Американски држави со уште еден рекорден. Американскиот долг порасна откако Конгресот во минатата година изгласа за намалување на даноците од над 1,5 трилиони долари.

Тоа беше проследено со зголемени трошоци за домашните и военит.

„Ју-Ес-Еј Тудеј“ наведува дека во двете години од мандатот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, државниот долг на САД расте со најбрзо темпо досега, што се должи на спроведените даночни реформи и зголемените трошоци за одбрана.

Американските институции, како што се приватните и државните пензиски фондови, како и индивидуалните инвеститори, беа најголемите носители на овој долг. Тие поседуваа 6,69 трилиони долари во долгови и апсорбираа околу четири петтини од зголемувањето во текот на изминатата година.

Економските аналитичари проценуваат дека американскиот буџетски дефицит до 2020 година ќе надмине еден трилион долари, додека долгот ќе продолжи да расте, бидејќи „државните трошоци воопшти не се под контрола“.