Словенија моментално се наоѓа во една криза на недостиг на работници, а бројот на инвеститори се зголемува од време на време, па во одредени сектори се нудат парични награди за оние што ќе донесат нови работници.
Една од главните работи, Економијата расте, потпирајќи се на извозот, кој сочинува 80 отсто од бруто-домашниот производ. Порати недостигот на кадр, поточно заварувачи, па еден од примерите е како сопственик на фирма која произведува издувни системи, од Чрномељ, проблемот со недостиг на кадр го решил на многу добар начин.
Секој еден од вработените што ќе препорача или донесе нов работник, ќе добие награда во износ од 250 евра.
Словенија моментално е во голем плус што се однесува на странските инвеститори.
Во последните четири години износот е зголемен за 4,5 милијарди евра.
Околу илјада нови работни места се отвораат во земјата со само пет отсто невработени. Најголемиот произведувач на автоделови, „Магна“,моментално гради фабрика, а неодамна од Јапонија пристигнаа инвеститори за изградба на фабрика за роботи и медицинска опрема.
Словенечката влада го прифати барањето на левицата минималната плата да биде зголемена на 640 евра. До 2021 година таа ќе изнесува околу 730 евра.
Синдикалците ја поздравиа оваа одлука, а словенечките работадавци стравуваат дека тоа ќе ја влијае врз конкурентноста и би можело да ја намали и поради тоа бараат намалување на даноците.
Со самото инвестирање, ќе порасне и животниот стандарт, а тоа ќе го почувствуваат и работниците од регионот што одат таму да работаат.










