Деир ез-Зор: Во нападите на меѓународната коалиција загинаа 50 цивили

0
218

Во нападите на меѓународната коалиција под водство на САД, врз целите на терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Деир ез-Зор, животот го загубија 50 цивили, претежно деца и жени

ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (AA) – Во нападите на меѓународната коалиција под водство на САД, врз целите на терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Деир ез-Зор, животот го загубија 50 цивили, претежно деца и жени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локални извори, во воздушните, ракетните и артилериските напади на коалицијата извршени во последните 24 часа врз ДЕАШ во подрачјето на Багоз во Деир ез-Зор, смртно настрадаа 50 цивили, претежно деца и жени.

Коалицијата сѐ уште не даде изјава околу тоа.

Во тек се судирите меѓу ДЕАШ и ЈПГ/ПКК кои започнаа пред неколку дена во Багоз.

ЈПГ/ПКК, која е поддржана од САД и Франција, сѐ уште не постигна напредок.

Стотици од илјадници цивили кои се заглавија меѓу двете терористички организации, вчера, додека траеја бомбардирањата, излегоа надвор од подрачјето.

ЈПГ/ПКК, семејствата на припадниците на ДЕАШ ги предаде на коалицијата, додека останатите цивили ги испрати во базата на САД во нафтеното поле Ел Омер.

– Последната состојба во Деир ез-Зор

ЈПГ/ПКК, поддржана од САД и Франција, од 11 септември 2018 година досега, врши напади со цел целосно отстранување на ДЕАШ од Деир ез-Зор.

ДЕАШ моментално покажува присуство само во источното рурално подрачје на градот Деир ез-Зор.

Во местото источно од Еуфрат во Деир ез-Зор се наоѓаат силите на Асадовиот режим.