Ердоган: „Турција продолжува да одржува лекција на сите оние коишто се обидуваат да не приклештат“

0
181

17 годишното владеење помина со борба против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Турција како земја која не е индиферентна наспроти угнетувачите и сите оние кои што сакаат да не приклештат со тероризмот, им одржа и продолжува да одржува лекција на сите.“

Во говорот на плоштадот Кузејкент во Кастамону, претседателот Ердоган во обраќањето до граѓаните се осврна на борбата против тероризмот и во тие рамки потенцираше дека Турција во последните години води успешна борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, насилничката Фетулахистичка терористичка организација, ДАЕШ (ИСИЛ).

17 годишното владеење помина со борба против тероризмот. Со преминување на секоја пречка, за жал се појавија нови. Никогаш не ја оставија на мир земјата и народот. Како не приклештуваа, ние се повеќе се сплотивме, државата уште повеќе зајакна.

На сите оние коишто се обидоа Турција да ја приклештат со високи курсеви на странските валути и каматни стапки, благодарение на преземените мерки, им одржавме добра лекција.

Исто така ќе продолжиме со преземање на економските мерки.

Какви беа пресметките во минатото во врска со Турција, исти се и денес. Бидејќи Турчинот во минатото е истиот Турчин и денес, додека непријателите се исти непријатели.

Тапкањето во место е ден кога започнуваме да назадуваме, рече Ердоган.

Со нарушување на сценаријата, ја осветлуваме иднината на Турција.

Затоа ни станаа непријатели. Ни станаа непријатели затоа што се сплотивме со граѓаните и ја подигнавме државата. Бидејќи не останавме индиферентни наспроти угнетувачите, бидејќи неправдата им ја кажавме директно во лице, ни станаа непријатели. Ја зајакнавме економијата, нарушувајќи им ги плановите и игрите, ја осветливме нашата иднина. Затоа ни станаа непријатели. На непријателството на кое бевме изложени сметаме како на официјално признание од страна на правото и народот, рече Ердоган.

трт