Ердоган: „Нема да се откажеме, ќе ги најдеме терористите, каде и да се кријат“

0
213

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека со помош на разни терористички организации постоеле обиди Турција да се направи заробеник, но дека неговата земја нема да се предаде во борбата против терористите.

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека со помош на разни терористички организации постоеле обиди Турција да се направи заробеник, но дека неговата земја нема да се предаде во борбата против терористите, јавува Anadolu Agency (AA).

„Од нашата земја се обидуваа да направат заробеник, некогаш во соработка со сепаратистите како ПКК, некогаш со експлоататорите како ФЕТО, а некогаш со организации како ДЕАШ. Нема да се откажеме. Ќе ги најдеме терористите, каде и да се кријат“, порача Ердоган.