(Видео)Трите моста над Босфорот во Истанбул синоќа беа осветлени во виолетова боја

by Administrator

Осветлувањето на трите моста над Босфорот со виолетова боја е остварено со рамките на проектот „Погледни за епилепсијата“ на Турското здружение за борба против епилепсијата, а со цел создавање општествена свест во врска со оваа болест.

 

Мостот на шехидите 15 јули, Мостот Фатих Султан Мехмет и Мостот Јавузн Султан Селим, како три градби (мостови) симболи на Истанбул, по повод Светскиот ден на епилепсијата синоќа беа осветлени во виолетова боја.

Осветлувањето на трите моста над Босфорот со виолетова боја е остварено со рамките на проектот „Погледни за епилепсијата“ кој што е ставен во примена од страна на Турското здружение за борба против епилепсијата, а со цел создавање општествена свест во врска со оваа болест.

Во објавеното соопштение од Здружението се истакнува дека со овој проект се има за цел да се стави крај погрешните знаења и предрасудите во врска со епилепсијата како најраспространета болест меѓу невролошките заболувања, како и да му се придадат на општеството лицата заболени од епилепсија.

ТРТ

You may also like