Жените во унгарија кои имаат четири или повеќе деца ќе бидат ослободени од плаќање на данох на доход, рече Виктор Орбан, премиерот на унгарската влада.
Ова е дел од мерките што Орбан ги претстави како дел од неговиот демографски план, кој нагласи за време на говорот за состојбата на нацијата.
Орбан рече дека на ваков начин се брани иднината на Унгарија без зависност од миграција.
Само како подсетување, оартијата на Орбан е против влезот на мигрантите во ЕУ.
ББС пренесува дека населението во Унгарија се намалува за 32.000 жители годишно, а жените во таа земја раѓаат помалку деца од просекот во Европската унија.
Како дел од демографските мерки, владата на Орбан на младите парови ќе им обезеди кредит без камата во износ од 32.000 евра, а паровите кои ќе добијат трето дете нема да мораат да го отплатат остатокот од кредитот кој го имале претходно подигнато.
Виктор Орбан, исто така, ја искористи можноста да ги критикува политиките на западните земји велејќи дека миграцијата е одговор на зголемениот број деца.
Унгарците размислуваат поинаку. Не ни требаат броеви, ни требаат унгарски деца – додаде тој, јавува Би-Би -Си










